Тоа е најголемата болка што еден родител може да ја почувствува, пишува фудбалерот во емотивната објава
Светската фудбалска ѕвезда, Кристијано Роналдо, објави дека починало едно од бебињата близнаци кои ги очекуваа со неговата партнерка Георгина Родригез.
Како што објави Роналдо, починало синчето, додека девојчето близначка се родила жива и здрава.
„Со најголема тага објавуваме дека почина нашето момче. Тоа е најголемата болка што еден родител може да ја почувствува. Единствено раѓањето на девојчето ни дава сила да го преживееме овој момент со малку надеж и среќа. Сакаме да им се заблагодариме на докторите и сестрите за сега грижа и поддршка. Уништени сме од оваа загуба и сакаме да замолиме за приватност во овие момент. Наше момче, ти си нашиот ангел. Ќе те сакаме секогаш“,
напиша Роналдо во емотивната објава на социјалните мрежи.