Легендарниот американски музичар и рокенрол пионер познат по раните рокенрол хитови „Great Balls of Fire“ и „Whole Lotta Shakin’ Goin’ On“, почина на 87-годишна возраст, изјави неговиот претставник. Тој починал од природна смрт
Рокенрол легендата, текстописецот и пијанист, Џери Ли Луис почина во петокот, 28 октомври на 87-годишна возраст во својот дом во ДеСото, Мисисипи, јавуваат светските медиуми.

Тој беше последниот од генерацијата рок-ѕвезди, вклучувајќи ги Еливис Присли, Чак Бери и Литл Ричард .
Џери Ли Луис, легендарниот американски музичар и рокенрол пионер познат по раните хитови „Great Balls of Fire“ и „Whole Lotta Shakin’ Goin’ On“, почина на 87-годишна возраст, изјави неговиот претставник. Тој починал од природна смрт.
Џери Ли Луис беше познат по своите енергични настапи, а неговата композиција „Great Balls of Fire“стана една од најпрепознатливите поп песни од педесеттите, а подоцна и во историјата на музиката.
Тој беше еден од највлијателните рокенрол уметници во 1950-тите, а од 1960-тите до раните 1980-ти тој исто така уживаше успешна кариера како кантри уметник. Наречен „Убиец“, тој е опишан како „првиот голем див човек на рокенролот и еден од највлијателните пијанисти на 20 век“, пишува „Дејли Мејл“.
Пораки со кои се искажува почит кон рок-ѕвездата пристигнуваат на социјалните мрежи.
„Без Џери Ли Луис немаше да станам тоа што сум денес. Беше револуционерен и возбудлив. Брилијантен пејач исто така. Благодарам за инспирацијата и сите рокенрол спомени“, напиша Елтон Џон на Твитер.
Without Jerry Lee Lewis, I wouldn’t have become who I am today. He was groundbreaking and exciting, and he pulverized the piano. A brilliant singer too. Thank you for your trailblazing inspiration and all the rock ‘n’ roll memories. #RIP pic.twitter.com/HytKkIV5Qo
— Elton John (@eltonofficial) October 28, 2022
Пионер на рокенролот и рокабили музиката, Луис ги направи своите први снимки во 1956 година во Sun Records во Мемфис.
Роден е во Феридеј, Луизијана на 29 септември 1935 година.
Во неговата биографија, тој се сеќава дека научил да свири пијано на деветгодишна возраст, а неговиот татко ја ставил под хипотека на семејната фарма за да му го купи првото пијано.
Првиот јавен настап го имал на 14 години, на отворањето на салон за автомобили. Тој посетувал библиско училиште во Тексас, каде што наводно бил исфрлен поради лошо однесување.
Луис имаше потпишано договор со издавачката куќа Sun Records во 1956 година, но неговиот скандалозен брак со неговата тогаш 13-годишна братучетка Мира го загрози неговиот подем до ѕвезда.
Заедницата, формирана додека тој сè уште беше во брак со друга жена, беше откриена кога Луис тргна на турнеја во Велика Британија во 1958 година. Настапите веднаш беа откажани и радио станиците одбија да ги пуштаат неговите плочи.
Почит кон рокенрол легендата искажа и тапанарот на Битлси, Ринго Стар, а Џин Симонс го нарече “еден од пионерите на рекенролот“ и „бунтовник до крај“.
God bless Jerry lee Lewis peace and love to all his family Ringo. ?✌️?❤️??☮️ pic.twitter.com/5tG54Der07
— #RingoStarr (@ringostarrmusic) October 28, 2022