Коронавирусот во земјава однесе уште една жртва. Почина 40-годишно лице од Кочани, потврдија од Општината посочувајќи дека информацијата им била соопштена утрово.
Станува збор за првиот пациент од Кочани кај кого беше дијагностициран ковид-19.
Во овој град досега беа откриени вкупно 14 заразени.
*Поврзана вест:
Во Кочани регистрирани три жаришта, кризниот штаб бара мерки како во Куманово