На 87-годишна возраст, Станислав Шушкевич, првиот претседател на независна Белорусија, починал во болница како резултат на компликации предизвикани од коронавирусот
Првиот претседател на независна Белорусија по отцепувањето од Советскиот Сојуз, Станислав Шушкевич, почина денеска на 87-годишна возраст. Веста за неговата смрт ја потврди неговата сопруга.
Тој починал во болница како резултат на компликации предизвикани од коронавирусот.
Шушкевич беше првиот претседател на независна Белорусија и еден од тројцата лидери кои во декември 1991 година потпишаа договор со кој СССР престана да постои.
На 8 декември 1991 година, претседателите на Советска Русија, Белорусија и Украина, Борис Елцин, Станислав Шушкевич и Леонид Кравчук, потпишаа договор за распад на СССР, принудувајќи го нејзиниот последен лидер Михаил Горбачов да поднесе оставка, со што се стави крај на Советската ера.
Сепак, уште во 1994 година, Шушкевич беше принуден да поднесе оставка од пратениците, откако тој, заедно со други високи функционери, беше обвинет за корупција во извештајот на тогашниот шеф на парламентарната антикорупциска комисија, Александар Лукашенко.
На изборите неколку месеци подоцна, Лукашенко го победи Шушкевич и другите претседателски кандидати.