Навални, кој беше најистакнатиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија и жесток противник на војната во Украина, одлежа 11 и пол години затвор за измама, непочитување на судот и прекршување на условната казна
Почина рускиот опозициски лидер Алексеј Навални (47), кој отслужуваше затворска казна во регионот Јамало-Ненец на крајниот север на Русија, соопштија денеска руските новински агенции повикувајќи се на управата на затворот, а пренесува Ројтерс.
„Денеска во казнената колонија бр. 3 осуденикот А. Навални се почувствува лошо по прошетката и речиси веднаш потоа ја загуби свеста. На местото беше повикана екипа на итната медицинска помош која веднаш пристигна. Преземени се сите мерки за реанимација, но не дадоа позитивен резултат. Лекарите од итната помош ја констатираа смртта на осуденикот“,
се вели во соопштението на руската затворска управа.
Навални, кој беше најистакнатиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија и жесток противник на војната во Украина, одлежа 11 и пол години затвор за измама, непочитување на судот и прекршување на условната казна. Тој ги отфрли сите овие обвинувања како измислени и политички мотивирани.