„При инспекцискиот надзор е утвредено дека и покрај претходно донесеното решение од страна на ДИГУ за отстранување на објектот, по истото не е постапено. Согласно наодот на Државниот инспектор, ДИГУ ќе донесе налог за присилно административно отстранување на објектот согласно позитивните законски прописи“, се наведува во соопштението од Министерството за транспорт
Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам (ДИГУ) ќе спроведе присилно административно уривање на бесправно изграден објект во старото градско јадро во Охрид откако при вонредна инспекција било утврдено дека сопственикот не постапил по претходно донесено решение за отстранување на дивоградбата.

Како што информираа попладнево од Министерството за транспорт, вонредниот инспекциски надзор бил извршен по информации добиени од јавноста. Државен инспектор од ДИГУ, како што се наведува во соопштението, излегол на терен и извршил контрола над објект на катастарска парцела КП – 15972, КО Охрид 3 во старото градско јадро.
„При инспекцискиот надзор е утвредено дека и покрај претходно донесеното решение од страна на ДИГУ за отстранување на објектот, по истото не е постапено. Согласно наодот на Државниот инспектор, ДИГУ ќе донесе налог за присилно административно отстранување на објектот согласно позитивните законски прописи“,
се наведува во соопштението.
Од Транспрот додаваат дека остануваат силно посветени на борбата против нелегалните градби и дека законот за градење ќе се применува подеднакво за сите, без исклучоци и без селективност, насекаде низ државата.
„Законот за градење важи подеднакаво за сите и нема да има селективна примена“,
посочуваат од ресорното Министерство.
Оттаму велат дека нема да дозволат узурпација на јавното добро и дека активностите за отстранување на дивоградби ќе продолжи и во наредниот период.
„Продолжуваме со одлучна и неселективна борба против нелегалните објекти со единствена цел, да воспоставиме ред и да го зачуваме јавниот интерес и простор“,
се наведува во соопштението.
