Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ, кој направи пет прекршоци во изминатите два дена во Сплит, доби едногодишна забрана за влез во Шенген-зоната, јави ХРТ.
Првиот прекршок Трифуновиќ го направил на градската плажа Каштелет, каде што без поводник го пуштил своето куче (германски овчар) меѓу капачите. Тоа им пречело на присутните кои повикале полиција, а кога службениците се појавиле на плажата, актерот почнал да ги навредува.
Откако полицијата го расчистила овој случај, во кој Трифуновиќ беше казнет на Основен суд за два прекршоци со парична казна од 500 евра и 50 евра судски трошоци, тој повторно на улица во центарот на Сплит го пуштил кучето без поводник, поради што на истиот суд му е изречена уште една казна од 200 евра.
Трифуновиќ и на социјалните мрежи ги навредува сплитските полицајци, па е казнет по третпат.
Во својата објава на Инстаграм, меѓу другото, тој пишува дека сплитските полицајци трипати го апселе, психички го малтретирале и му изнудиле повеќе од 1 500 евра.
„Се надевам дека со тие пари ќе сошиете убави црни униформи по моделот на Франтиќ и дека вашите мајки конечно ќе се задоволат со своите примитивни копилиња“,
пишува, меѓу другото, во објавата полна со пцовки на инстаграм-профилот на Трифуновиќ.
Антонела Лолиќ, портпаролката на хрватската полиција, изјавила дека Трифуновиќ за сторените прекршоци е казнет според закон, а однесувањето на полициските службеници цело време било професионално и законито.
Согласно Законот за странци, Трифуновиќ доби едногодишна забрана за влез.
@dnevno.hr Muke na moru #dnevnohr #sergejtrifunovic #split #hrvatska #sud #hrvatska #glumac ♬ original sound – dnevnohr