По пријава, полициски службеници се појавиле на плажата. Актерот ги навредувал, по што бил приведен
Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ доби парична казна од 500 евра од Општинскиот суд за прекршоци во Сплит затоа што вчера, на плажата Каштелет, бил со куче без поводник и навредувал полицајци.
Покрај казната од 500 евра, Трифуновиќ мора да плати и 50 евра за судски трошоци.
Трифуновиќ на градската плажа се капел заедно со своето куче (германски овчар). Ова им пречело на капачите кои случајно се нашле таму, па еден од нив повикал полиција.
Откако полицијата пристигнала на плажата, констатирала дека кучето е без поводник, а кога Трифуновиќ почнал да ги навредува го однеле во полициска станица.
Со пријава за нарушен јавен ред и мир е изведен на суд каде што му е изречена парична казна.
Трифуновиќ вчеравечер го напуштил судот незадоволен од казната. Тој тврдел дека го пријавила жена која наводно се плаши од кучиња, а на плажата немало никаков знак за забрана за кучиња.