Синот кој синоќа со нож го уби својот 55-годишен татко е приведен. Станува збор за 24-годишно момче.
Ножот со кој повеќепати го пробол татка си е одземен.
Убиството се случило во 23:15 часот откако настанала семејна расправија на улицата „Бигла“ во Скопје.
По документирање на случајот, најавуваат од МВР, ќе следува и кривична пријава за синот.