Плејофот во НБА лигата ќе продолжи утре, 29 август, соопштија Лигата и Асоцијацијата на играчи на НБА во заедничката изјава, откако претходно, средбите беа одложени поради бојкотот на кошаркарите во знак на протест против полициското насилство и расизмот во САД, откако на 23 август, во Висконсин беше застрелан Афроамериканецот Џејкоб Блејк беше застрелан при полициска акција.
Овој настан предизвика бран на масовни протести во САД и откажување на сите спортски натпревари.
Освен НБА, презакажани се и плејоф натпреварите во хокеарската, бејзбол и лигата во американски фудбал.
Вчера, американскиот претседател Доналд Трамп упати критики на сметка на НБА, нарекувајќи ја политичка оргаанизација.
„Не знам многу за протестите во НБА. Знам само дека гледаноста им е лоша, мислам дека луѓето се уморија од НБА. Тие станаа политичка организација и тоа не е добро ниту за спортот ниту за државата“,
изјави Трамп.