Хрватска, првата земја од регинот каде беше дијагностициран случај на коронавирус, по еден месец од оваа објава, денеска регистрира само 14 нови случаи на заразени, соопштија од Штабот за цивилна заштита.
Како што јави МИА, со ова вкупниот број заразени изнесува 495. Денеска на домашно лекување се отпуштени и 22 пациенти кои беа хоспитализирани поради ковид-19.
Министерот здравство Вили Берош изјави дека веќе четврти ден по рад бројот на новозаразени опаѓа.
Хрватска денеска ја регистрираше и втората жртва од ковид-19, а се работи за постаро лице кое претходно имало хронични болести.
Денеска од хрватскиот авиопревозник Кроација Ерлајнс објавија дека ги регистрирале први два случаја на вработени заразени со коронавирусот.