По две недели откако беа заробени 600метри под земја, 11 рудари од рудник за злато во Кина денеска излегоа живи, јавува „Би-би-си“.
Првиот рудар бил извлечен во утринските часови денеска, а на ТВ снимките се гледа како спасувачите го извлекуваат на површина со врзани очи за да се заштити од светлината по две недели поминати во мрак.
Еден час по неговото спасување, уште 10 рудари се спасени од друг дел на рудникот.
По експлозијата во рудникот кој се наоѓа во провинцијата Шандонг, се затвори влезниот тунел, а внатре останаа заробени 22 рудари. Еден од рударите починал, додека за останатите 10 сè уште не е познато дали се живи.
Спасените рудари една недела по експлозијата преку спасувачките канали испратија порака успеаја да испарат порака барајќи од спасувачите да продолжат да копаат.
Лековите и храната до заробените рудари се спуштала со јаже преку спасувачкиот канал по кој се оствари првичната комуникација.
Рударските несреќи во Кина не се невообичаени поради лошата примена на безбедносните стандарди. Претходната несреќа се случи во декември 2020 со истекување на јаглероден моноксид во рудник за јаглен при што загинаа 23 рудари.