„Се надеваме нема да се повтори“. Оваа порака ја испратија волонтерите на Планинската спасителна служба при охридскиот Црвен крст кои утрово го исчистија ѓубрето фрлено на тешко притапниот терен долж патеката до црквата Св. Јован во Канео.
Акцијата ја реализирале во соработка со ЈП Охридски комуналец и собрале колем куп од вреќи со губре.
Несовесни луѓе што поминувале по патеката ги фрлале отпадоците по падините кон езерото, па волонтерите користеле алпинистичка опрема за да стигнат до секое фрлено парче ѓубре.
„Свети Јован Богослов Канео“ е едно од најпознатите светилишта во Македонија и многу често посетувано од туристи.
Годинава поради „корона-мерките“ домашни туристи го преплавија Охрид – со ѓубре. На социјалните мрежи се објавуваат фотографии од отпадот што несовесни туристи го оставаат на кејот, по улиците и парковите.
Локалните жители коментираа дека ваква глетка зад себе не оставаат странските туристи.