Специјалниот пратеник за Западен Балкан на Обединетото Кралство, Стјуарт Пич, го поздравува постигнатиот напредок во решавањето на разликите меѓу Северна Макеоднија и Бугарија, во контекст на предлогот на француското претседателство.
Тој се надева дека брзо ќе се обезбеди договор во земјава, за отпочнување на пристапните преговори со Европската Унија.
„Се надевам дека консултациите во Скопје можат брзо да обезбедат договор за да се овозможи отворање на преговорите за пристапување во ЕУ“,
вели Пич.