На нашата јужна граница нема поголеми раздвижувања од мигранти, но сепак опасноста од мигранти во земјава е голема иако притисокот е долу на границата помеѓу Турција и Грција, изјави денеска дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска одговарајќи на новинарско прашање дали има поголемо раздвижување на мигранти на јужната граница.
„Редовно сме информирани од колегите од грчката полиција и од Фронтекс и во координација со нив ќе го зголемиме бројот на полицајци доколку тоа е потребно“,
рече дополнителната заменик-министерка Петровска при денешната посета на СВР Велес.
Таа потенцира дека апсолутно проблемот со мигранти по нашата граница постои сè додека не биде решен од таму каде што потекнува, а она што нашите служби го преземаат е превенција.
Изминатите неколку дена МВР во неколку наврати откри мигранти во југоисточниот дел од земјата, при што дел од случаите беа за шверцување.
Во саботата Алсат објави видео на кое се гледаат неколкумина мигранти како се движат покрај автопатот, во близина на граничниот премин „Табановце“, кои се поврзуваат со најновиот бран кој почна да го чувствува Грција по одлуката на Турција да им ги отвори границите кон европските земји.
Но, од МВР и од сите институции велат дека ситуацијата на државните граници е непроменета, а настаните во регионот постојано се следат. Притоа, од МВР не ја коментираа конкретната снимка.