СДСМ на 23 март, в сабота, ќе одржи Конгрес на кој ќе ја претстави програмата и партиските листи кои ќе учествуваат на претстојните парламентарни избори
Министерката за одбрана Славјанка Петровска е подготвена да биде носителка на пратеничките листи на претстојните парламентарни избори закажани за 8 мај, но е подготвена и да не се најде на нив, ако за тоа, како што вели, одлучат органите на партијата.

Ова таа го изјави вечерва во гостување на Тема на Денот на Сител ТВ, одговарајќи на прашање дали се гледа како втората жена носител на листата на пратеници, откако денеска претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски потврди дека потврди дека директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска, ќе биде носителка на листа во една од изборните единици, но не кажа во која.
Ќе оставам на органите на партијата да ја донесат конечната одлука. Јас сум подготвена и имам капацитет да бидам носител на листа доколку се одлучи тоа. Имам капацитет и можам да бидам и еден од кандидатите на листата подолу. А доколку е одлуката на партијата да не бидам, можам и да бидам на листата“,
рече таа.
Петровска не откри дали ќе биде носител на шестата изборна единица 6 или, пак, на некоја од другите изборни единици. Кусо одговори дека се уште тоа не се знае.
Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, сè уште не ги открива имињата на носителите на листи за парламентарните избори.
Тој денеска, одговарајќи на новинарски прашања, само потврди дека директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска, ќе биде носителка на листа во една од изборните единици, но не кажа во која. Во врска со информациите во некои од медиумите, дека наводно Лукаревска ќе биде преместена во третата изборна единица, а во втората ќе се врати поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, Ковачевски нагласи дека никој никаде не е преместен.
СДСМ на 23 март, в сабота, ќе одржи Конгрес на кој ќе ја претстави програмата и партиските листи кои ќе учествуваат на претстојните парламентарни избори.
Според анализата на „360 степени“, владејачкиот СДСМ се очекува да „истрча“ со Димитар Ковачевски кому друштво на втората позиција како т.н. коносител, пристап воведен од левичарско-центристичката коалиција на минатите парламенатрни избори, ќе му прави лидерката на ЛДП, Моника Зајкова.