„Наутро се очекува поддршка од воздух за гаснење на пожарот“, посочи тој
И во текот на ноќта продолжува борбата со пожарот во селото Раец, соопшти вечерва на Фејсбук градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

„Се вложуваат максимални напори за локализирање и отсекување на огнената стихија, со цел да се заштити секој објект и да се спречи понатамошно ширење“,
напиша тој.
На терен, како што вели, се ангажирани две цистерни на ЈП „Комуналец“ со двајца возачи, две возила на ТППЕ Неготино со шест пожарникари, булдожер со возач, две умног возила, четири пинцгауер, едно џип возило и 12 пожарникари на ТППЕ Кавадарци, како и екипа од ДЗС со четири лица и едно теренско возило.
Во пожарот активно помага и месното население.
Ангажирано е и амбулатно возило, стационирано во селото Дреново.
„Наутро се очекува поддршка од воздух“,
додаде Јанчев.
Упати благодарност до сите служби, институции, доброволци и граѓани што несебично се борат со огнената стихија и го даваат својот максимум за заштита на луѓето и имотот.
