Во меѓувреме, романската компанија за производство на електрична енергија, топлина и нуклеарно гориво „Нуклеарелектрика“ објави дека почнала да увезува електрична енергија од Украина за да го надомести недостигот што произлезе од затворањето на реакторот во нуклеарната централа
Поморските сили на Романија извршија контролирана експлозија во каналот Бала на реката Дунав за да го зголемат протокот на вода до нуклеарната централа Чернаводa. Експлозиите се користат со цел да се подигне на нивото на водата потребно за работа на нуклеарната централа, односно за ладење на реакторот.

Во меѓувреме, романската компанија за производство на електрична енергија, топлина и нуклеарно гориво „Нуклеарелектрика“ објави дека почнала да увезува електрична енергија од Украина за да го надомести недостигот што произлезе од затворањето на реакторот во нуклеарната централа. Увозот на електрична енергија, соопштија од компанијата, е дел од мерките за одржување на стабилноста на електроенергетскиот систем во услови на намалено производство во нуклеарната централа поради екстремно ниските нивоа на водата во Дунав.
Романија прогласи вонредна состојба во август поради пад на производството на електрична енергија причинето од рекордно ниското ниво на Дунав, што доведе до затворање на еден реактор во нуклеарната централа Чернавода. Освен во Романија, падот на нивото на Дунав доведе до проблеми во работата на нуклеарната централа во Унгарија, каде што, исто така, нема доволно вода за ладење на реакторот.
