Сите се обидуваат – и во Софија и во Скопје, со некои глупости да го попречат тонот на дијалог. Нема да ги дозволам овие провокации. Затоа, во мојата објава на Фејсбук многу јасно кажав дека кој на која слика е, не е важно за нашата заедничка стратегија, вели бугарскиот премиер Петков на прашањето за фотографиите на кои тој е со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, а на која „недостига“ премиерот Димитар Ковачевски
Нема да дозволам провокации да им наштетат на односите со Северна Македонија, изјави премиерот на Бугарија Кирил Петков за медиуми во Народното собрание каде што во тек е расправа за буџетот.
На прашањето за фотографиите на кои тој е со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, а на која „недостига“ премиерот Димитар Ковачевски, Петков рече дека на голем дел од фотографиите од конференцијата во Минхен на која тој учествувал е заедно со по неколку лидери од различни земји.

„Сите се обидуваат – и во Софија и во Скопје, со некои глупости да го попречат тонот на дијалог. Нема да ги дозволам овие провокации. Затоа, во мојата објава на Фејсбук многу јасно кажав дека кој на која слика е, не е важно за нашата заедничка стратегија“,
вели бугарскиот премиер Петков, јави МИА.
Тој потврди дека долгорочна заедничка стратегија е Северна Македонија да влезе во Европската Унија.
Петков рече и дека му е драго што се сретнал со Бугарите во Република Северна Македонија нагласувајќи дека нивните права се приоритет за бугарската влада. Според него, целта е да се заштитат нивните права и да нема говор на омраза, а притоа да не се дозволи Република Северна Македонија „да испадне од шансите за влез во ЕУ“.