Претседателот тврди дека не добил ниту на писмено ниту пак вербално бил известен од министерот за надвореши работи Бујар Османи дека за време на посетата на Софија добил сет барања меѓу кои и за уставни измени за редефинирање на македонската нација и за нов договор, како што тврди лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски
Би можело да се потпише декларација за реафирмирање на вредностите врз кои почива Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија, но вон памет е да разговараме за нов договор или за уставни измени, вели претседателот на државата Стево Пендаровски во врска со барањата од Софија, кои се појавија во пресрет на отворањето на преговорите на нашата земја со ЕУ.
Во вечерашното интервју во емисијата Топ Тема на Телма, Пендаровски тврди дека не добил ниту на писмено ниту пак вербално бил известен од министерот за надвореши работи Бујар Османи дека за време на посетата на Софија минатата недела од бугарската министерка за надворешни работи Захариева добил сет барања меѓу кои и за уставни измени за редефинирање на македонската нација и за нов договор, како што тврди лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски.
„Од денеска, во следните три до четири недели треба да биде затворена рамката за преговори. Нашите разговори со Бугарија одат по билатерални канали – на ниво на премиери, кабинети, МНР, а од утре е отворен и канал за комуникација во комисијата, но ги користиме и услугите на Германија која се залага за двете држави, Северна Македонија и Албанија да бидат ставени на колосекот кон ЕУ“,
рече Пендаровски, додавајќи дека тоа во никој случај не значи дека земјава се потпира само на помошта на германската дипломатија, а притоа ја занемарува Бугарија.
За неговите контакти со бугарскиот претседател Румен Радев вели дека се само на вербални, но не и на друг тип на иницијативи за средба, повикувајќи се на заедничката констатација на последната средба во Ерусалим во февруари, дека додека не видат некаков суштински резултат од мешовитете експерстка комисија, да не се прават посети кои не би дале никаков резултат.
Според Пендаровски треба да има решение до 10 ноември за кога е закажан самит од Берлинскиот процес во Софија со кој заеднички претседаваат Бугарија и Северна Македонија.
*Поврзани вести
Заев: Изјавата на Мицкоски е неодговорна, да им дадеме шанса на разговорите со Бугарија
Османи за изјавата на Мицкоски: Нема нов договор со Бугарија, туку засилување на комуникацијата
Македонско-бугарската комисија за историски прашања утре на нов состанок во Скопје