Продолжуваат да работат и филијалите во Струмица и Тетово, како и експозитурата во скопскиот Трговски центар „Бисер“
Од понеделник, 16 ноември, ќе започне со работа и експозитурата на Алта банка АД Битола во Прилеп, со што се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на банката, информираат денеска од Народната банка.

Во експозитурата, клиентите кои имаат платежна сметка, но немаат платежна картичка, ќе можат да подигнат готовина до 20 000 денари во период од две недели, согласно утврдениот лимит.
Продолжуваат да работат и филијалите во Струмица и Тетово, како и експозитурата во скопскиот Трговски центар „Бисер“. Таму клиентите можат да подигнуваат готовина на шалтер во рамките на утврдените ограничувања, но и да вршат уплати за комунални услуги, отплата на кредити и други потреби.
За потсетување, како што се вели во соопштението од Народната банка, од 10 ноември клиентите можат да ги користат и услугите на електронското и мобилното банкарство. За оние што имаат платежни картички важи лимит од 15 000 денари неделно, додека за клиентите без картички лимитот е 20 000 денари во период од две недели.
Лимитите се применуваат збирно за сите сметки на клиентот и ги опфаќаат сите канали за плаќање и повлекување средства, вклучително и плаќањата со картички, подигнувањето готовина од банкомати и на шалтер, како и трансакциите преку електронското и мобилното банкарство.
Физичките лица, пак, можат неограничено да располагаат со новите приливи на сметките во Алба банка доколку средствата се префрлени од платежни сметки во други банки или кај други даватели на платежни услуги.
Во однос на компаниите, овозможена е исплата на плати, заедно со соодветните даноци и придонеси, за фирмите кои во последните три месеци редовно исплаќале плати преку сметки во Банката.
Од Народната банка велат дека продолжуваат внимателно да ја следат состојбата и да преземаат активности за олеснување на пристапот на клиентите до нивните средства и непречено извршување на платежните услуги.
Лимитите се применуваат збирно за сите сметки на клиентот во Банката и ги опфаќаат сите канали на плаќање и повлекување средства: плаќања со картички во трговијата и преку интернет, повлекување готовина од банкомати и на шалтерите во експозитурите, како и плаќања преку електронското и мобилното банкарство.
