Претседателот на државата Стево Пендаровски, преку својот фејсбук-профил, упати апел до македонските граѓани да не ја напуштат државата, како и до македонските иселеници да не влегуваат во земјава, доколку тоа не е неопходно.
„Коронавирусот e раширен во повеќе од 150 земји. Секој трансфер на макар и еден човек придонесува кон забрзано ширење на вирусот. Апелирам до нашите граѓани да не патуваат надвор од државата без итна потреба. Истовремено упатувам апел и до македонските државјани кои работат и живеат во странство да го одложат патувањето во земјава, освен ако не е крајно неопходно“,
напиша Пендаровски.
*поврзани вести: Филипче на Фејсбук: Вкупно заразени со коронавирус во земјава се 26 лица
Пендаровски: Нема потреба од прогласување кризна или вонредна состојба