До денеска во земјава се регистрирани 26 лица заразени со коронавирус, објави министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук-профил.
Утрово се тестирани 10 пациенти. Позитивни се тестовите на тројцата кои вчера се тестирале на клиниката „Жан Митрев“, а за нив во Институтот за јавно здравје се направени контролни тестови, кои го потврдиле претходниот резултат.
Состојбата на сите пациенти е стабилна, вели Филипче и најави прес-конференција за 14 часот.