Според темпото на развој на епидемијата, прецедателот очекува најцрните сценарија да ја заобиколат земјата, така што и дупката во буџетот нема да биде премногу голема
Концептот за справување со ширењето на коронавирусот во земјава дава резултати и спречува геометриска прогресија на заразата, оценува претседателот Стево Пендаровски. Во интервју за „Фактор“ тој истакнува дека воведување порадикални мерки ќе се случи само ако постои таква проценка од надлежните органи.
„Прогресијата во бројот на инфицирани и починати се случува практично секаде во светот. Дури и во Вухан се зборува за втор бран. Но, споредбено со регионот и со европските земји, ние сме далеку од најзагрозената група на држави. Како што беше констатирано и на последниот Совет за безбедност, во однос на рестриктивните мерки, ние бевме меѓу првите во Европа кои во тој дел реагираа на време и со воведување на вонредната состојба и со полицискиот час. Евентуално воведување на порадикални мерки ќе се случи само ако постои таква проценка од надлежните органи, според кои, досега применуваниот концепт дава резултати и спречува геометриска прогресија,
истакнува Пендаровски,
Тој вели дека во ситуација кога имаме затворени граници и забрана за движење во поголемиот дел од денот, јасно е дека е економијата не може да бележи позитивни резултати.
„Добро е што Владата досега во два наврата донесе сет економски мерки што ги ублажуваат економските последици, иако јас очекувам дека, како што ќе се пролонгира оваа криза, следните недели, ќе има потреба и од дополнителен сет на мерки“
наведува Пендаровски и додава дека, според темпото на развој на епидемијата, најцрните сценарија, веројатн,о ќе не заобиколат, така што дупката во буџетот нема да биде премногу голема.