Од работите кои актуелната политичка гарнитура не ги завршиле, Пендаровски го спомна, како што рече, нивното најголемо потфрлање во делот на високата кроупција и паролата „нема правда нема мир“ заради која се кренала цела Македонија. Тој најави целосен и темелен ветинг на сите судии, обвинители и политичари
Најкрупната работа која ја направивме, што не ја направи ниту една политичка гарнитура од 1991 до денес, е нашиот влез во НАТО-алијансата со што конечно добивме тапија за нашиот територијале интегритет и суверинитет и за безбедноста на секој граѓанин на Македонија, порача вечерва во Кавадарци во рамките на неговата кампања, претседателскиот кандидат на СДСМ и актуелен шеф на државата, Стево Пендаровски.
Според него, влезот во НАТО е еднаков на референдумот за независност од 8 спетември 1991 година.
„Пред точно четири години станавме формално членка на најсилниот воено-политички сојуз на светот во кој членуваат 31 друга држава, тоа се најголемите економии, најдобрите демократии и најсилинит армии. Можете ли да замислите, малата Македонија седи на иста маса со суперсилите Велика Британија, Канада, Америка, Франција , Германија и има рамноправен глас, дебатира за сите глобални предизвици и проблеми. По мое длабоко убедување, влезот во НАТО е еднаков на референдумот за независност од 8 спетември 1991 година. Многу држави декларираат независност, велат дека се независни, но само членството овој сојуз ви гарнатира дека навистина сте независни. Затоа што главниот член во клучниот договор на таа алијанса е дека никој не смее да ве чепне, нападот врз една членка се смета како напад врз сите“,
рече Пендаровски.
Втората крупна работа која, како што рече ја направи оваа политичка гарнитура, е големиот исчекор кон членството во Европската Унија. После долги 17 години чекање, истакна Пендаровски, конечно ги отворивме преговорите со ЕУ, но се соочивме со еден надворешен непријател и со еден внатрешен опонент.
„Бевме на прагот после успешно завршениот скриниг и процес, да ги завршиме преговорите за рекорден рок, за не повеќе од четири, четири и пол години. Меѓутоа, за жал, се соочивме со еден надворешен непријател и со еден внатрешен опонент. Нашиот источен сосед покажа комплетно неевропско однесување и не закочи со јасна, чиста блокада. Меѓутоа внатрешната опозиција во Македонија, најголемата опозициска партија, од за мене непознати причини, веројатно само да се добере до власт што поскоро, ги блокираше неопходните уставни промени и практично не самоизлоираше по не знам кој пат“,
истакна Пендаровски кој вети дека доколку СДСМ и тој останат на власт членството во ЕУ ќе биде сигурно и тоа за краток рок.
Наспроти ова, додаде тој, политичката опозиција нуди раскинување и поништување на сите договори кои не вратија во нормалниот цивилизиран свет и вели дека ќе ги репреговара.
„Јас имам една замолница до нив, немојте да репреговарате, немојте повторно да чекаме 20 или 30 години за не знам каков договор за кој немаме никаква гаранција дека ќе биде подобар од сегашниве. Овие договори кои ги постигнавме, со кои влеговме во НАТО и сме на прагот пред ЕУ, ги направивме, не сами, туку со помош на нашите стратешки партнери, две држави од ЕУ и нашиот најголемиот стратешки партнер, САД. Само тоа е гаранција дека ако го завршиме процесот ќе бидеме на нивото на европскиот просек за кус временски период. Се друго е враќање во времето на делби, во времето на режимот на Груевски. Таква Македонија не ни треба“,
порача претседателскиот кандидат на СДСМ.
Тој апелираше на 24 април „со крајно масовна мобилизација да излеземе сите и да покажеме дека сакаме напредна, прогресивна, демократска, нормална и европска држава, а не Македонија кога во нивно време беше приватна сопственост на фамилијата и на неколку во врвот на таа политичка партија“.
Од работите кои актуелната политичка гарнитура не ги завршиле, Пендаровски го спомна, како што рече, нивното најголемо потфрлање во делот на високата кроупција и паролата „нема правда нема мир“ заради која се кренала цела Македонија. Тој најави целосен и темелен ветинг на сите судии, обвинители и политичари.
„Тука има со што да се пофалиме за разлика од претходниот режим затоа што има активни функционери од нашата политичка структура кои се соочија со лицето на правдата и се денес во притвор или во затвор. Меѓутоа, тоа не е доволно. Мора да направиме комплетна темелна промена на оние кои се реалните кочничари за тоа секој да си го добие заслуженото ако го кршел законот. Тоа се дел од судиите и дел од обвинителите кои под влијание на одредена политичка и особено економска моќ судеа селективно. Затоа многу криминалци за кои знаеме дека заслужуваат, не се зад решетки затоа што просто кажано ги корумприаат тие судии и обвинители. Затоа предлагаме да направиме комплетен темелен ветинг во кој ќе го провериме имотот на сите судии и обвинители и да видиме кој од нив има несразмерно зголемен имот во изминативе 5, 10 ако треба и 30 години. Ама ќе почнеме од нас политичарите. Ви гарантирам дека многу повеќе такви кои се огрешиле од законот ќе има во денешната опизиција. Јас ви гарантирам дека нивната кандидатка за претседател таков ветинг нема да помине затоа што раните 90-ти го кршеа ембаргото и имаат несразмерно зголемен имот“,
рече Пендаровски.