Македонските државјани кои вчера заглавија на аеродром во Малта, утрово со лет преку Истанбул се вратени на скопскиот аеродром, потврдија патници за „Слободен печат“.
Тие вчера останаа на аеродромот во Малта барајќи алтернатива да се вратат во Македонија, откако им било кажано дека тој ќе се затвори.
Барале помош преку Министерството за надворешни работи и македонската амбасада во Рим, па добиле предност при купувањето на авионски карти за да се вратат преку Истанбул.
Од МНР денеска информираа дека се во постојана комуникација и со другите граѓани кои се соочуват со проблеми поврзани за престојот во странство, патување низ територијата на државите во Европа, како и можноста за нивно враќање во државата.