Партијата е отворена за нови луѓе, за нови шанси да напредуваат во своја кариера, но по пат на дискусија на Извршниот одбор и Централниот одбор, и на крајот во конгресот ќе се донесат сите одлуки, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев во пресрет на утрешниот партиски конгрес.
Коментирајќи ги шпекулациите за изборот на новото раководство на партијата рече дека се што излегува во јавноста се најверојатно дискусии кои се водат во рамки на на органите и телата на партијата. Не зборуваше за можните кадровски решенија зашто немало оформени предлози.
„Не би можел ништо да кажам заради тоа што нема оформено предлози, односно секој може да има свои идеи во главата, почнувајќи од мене како прв меѓу еднаквите во СДСМ, и овластен предлагач согласно статусот на Социјалдемократскиот сојуз, но сето тоа е безвредно ако органите и телата како овластени предлагачи не го предложат пред самиот конгрес“,
додаде премиерот.
Заев посочи дека СДСМ утре бира заменик претседател на партијата, членови на Централниот одбор на СДСМ, членови на Надзорниот одбор, а после тоа следуваат состаноците на кои ќе се бираат потпретседателите на партијата, генералниот секретар, секретар за меѓународна соработка, Извршниот одбор на партијата, односно управното раководство.