Од ЦУК велат дека состојбата постепено се стабилизира, а надлежните служби ќе останат на терен до целосно гаснење на пожарот
Пожарот што избувна во парк-шумата Гази Баба е ставен под контрола, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али, кој посочи дека веднаш по пријавата биле координирани надлежните институции. Противпожарната бригада на Град Скопје интервенирала брзо и професионално на терен, вели Али.
„Лично бев присутен на местото на настанот заради координација на активностите и следење на состојбата. Состојбата постепено се стабилизира, а надлежните служби ќе останат на терен до целосно гаснење на пожарот“
вели Али.

Од ЦУК апелираат до граѓаните, доколку забележат пожар, чад или каква било опасност, веднаш да пријават на единствениот број за итни случаи 112.
„Воедно, ги повикуваме граѓаните да бидат особено внимателни при движење во шумски и планински подрачја, да избегнуваат какви било активности што можат да предизвикаат пожар и да ги почитуваат препораките на надлежните институции“,
посочува директорот на ЦУК.
