Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани во меѓувреме остро го осуди нападот и изрази сочувство до семејството на жртвата
Папата Франциск изрази солидарност со католичката заедница во Истанбул, која денеска беше цел на напад.
Едно лице, државјанин на Турција, загина во нападот на италијанската црква „Санта Марија“ во централниот дел на турската метропола. Нападот го извршиле двајца маскирани вооружени лица кои потоа побегнале. Пукањето се случило за време на неделната богослужба.
„Ја изразувам мојата блискост со конгрегацијата на црквата ‘Санта Марија Драперис’ во Истанбул, која за време на мисата беше цел на напад во кој едно лице загина, а неколку беа ранети“,
рече Папата по завршувањето на традиционалната неделна молитва на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан.
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани во меѓувреме остро го осуди нападот и изрази сочувство до семејството на жртвата.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази сочувство до католичката заедница во Истанбул и најави дека ќе бидат преземени неопходните чекори за апсење на убијците.
?? L’attacco armato alla chiesa cattolica di Santa Maria a Sarıyer, #Istanbul. Un morto confermato.
— Marco Da Pozzo (@marcodpIII) January 28, 2024
pic.twitter.com/qb927NXi0P