Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази сочувство до католичката заедница во Истанбул и најави дека ќе бидат преземени неопходните чекори за апсење на убијците

Во католичката црквата „Света Марија“ во Истанбул двајца напаѓачи отвориле оган кон верниците, а според информации на турските медиуми едно лице е убиено.
Пукањето се случило за време на неделната богослужба кога две маскирани лица отвориле оган во дворот на црквата.
„За време на пукањето во црквата владееше голема паника. Во областа беа испратени многу полициски и медицински тимови. Напаѓачите пеш побегнаа од местото на злосторството“,
пишува „Џумхуриет“.
Непосредно пред нападот, безбедносните камери пред црквата снимиле две маскирани лица како се движат покрај зградата. Полицијата истражува дали осомничените на снимките се поврзани со нападот.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази сочувство до католичката заедница во Истанбул и најави дека ќе бидат преземени неопходните чекори за апсење на убијците.
„За жал, ваквите убијци се појавуваат насекаде и тераат невини луѓе да ја платат цената. Ги мобилизиравме сите ресурси на полицијата. Верувам дека за кратко време сторителите ќе бидат фатени. Ќе ги најдеме во рок од 24 часа“,
кажа Ердоган, кој телефонски разговарал и со свештеникот на католичката црква каде што се случил вооружениот напад.
?? L’attacco armato alla chiesa cattolica di Santa Maria a Sarıyer, #Istanbul. Un morto confermato.
— Marco Da Pozzo (@marcodpIII) January 28, 2024
pic.twitter.com/qb927NXi0P