Минатата недела, кога католиците го празнуваа католичкиот Велигден, Папата Франциск на велигденската миса ја осуди бруталноста на војната во Украина и упати поддршка кон украинскиот народ
Папата Франциск се приклучи на повикот на генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, за прекин на огнот во Украина на православниот Велигден, кој православните верници го слават на 24 април, соопшти Светата столица.
„Светата столица и Светиот Отец се придружуваат на повикот кој на 19 април го упати Антонио Гутереш, генералниот секретар на Обединетите нации, во договор со Неговата Светост Свјатослав Шевчук, поглавар на Грчката католичка црква во Украина, за прекин на огнот на Велигден по Јулијанскиот календар, на 24 април“,
се вели во соопштението од Ватикан.
Минатата недела, кога католиците го празнуваа католичкиот Велигден, Папата Франциск на велигденската миса ја осуди „бруталноста на војната во Украина“.
„Сите се молиме за вас и со вас. Се молиме затоа што има толку многу страдања. Можеме само да ви го дадеме нашето друштво, нашите молитви и да ви кажеме: „бидете храбри, ние сме со вас“,
рече папата Франциск за време на велигденската миса за католичкиот Велигден минатата недела.
Тој заврши со зборовите „Христос воскресна“ на украински.