Северна Македонија го отповика својот амбасадор во Јапонија поради „незадоволителни резултати и работи со кои им се причинува штета на интересите на државата“.
фото: фејсбук-профил на амбасадата на Северна Македонија во Јапонија
„Согласно законските надлежности и интерните процедури, Комисиjата во рамките на Министерството за надворешни работи му препорача на ресорниот министер да ѝ предложи на Владата повлекување на досегашниот амбасадор на Република Северна Македонија во Јапонија, врз основа на член 3 од Уредбата за утврдување на работи кои се сметаат како незадоволителни резултати и работи со кои им се причинува штета на интересите на државата во работата на амбасадорот (‘Сл. Весник на РМ’ бр. 90/09)“,
информираа од Министертвото за надворешни работи.
Владата го прифатила предлогот на министерот за отповикување на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Јапонија, по што, претседателот на државата го потпишал указот за отповикување.
Сега веќе отповикан македонски амбасадор во Јапонија е Горан Цеков.