Осомничени се две лица – раководителот на секторот за „Е-индекс“ на Универзитетот и референтка за студентски прашања на еден од факултетите при УГД

Осумдневен притвор им е определен на двајцата вработени во Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип кои се осомничени дека како соизвршители ги сториле кривичните дела злоупотреба на службената положба и овластување од член 353, став 4, во врска со став 1 и компјутерска измама, според член 251-б, став 2, во врска со став 1 од Кривичниот законик (КЗ).
Основното јавно обвинителство Штип поведе постапка во врска со злоупотребите во информатичкиот систем на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД), каде што за финансиски надомест биле менувани, бришени и прикривани податоци за оценки и испитни бодови во базата за електронски индекс.
Осомничени се две лица – раководителот на секторот за „Е-индекс“ на Универзитетот и референтка за студентски прашања на еден од факултетите при УГД.
Според Обвинителството, тие во својство на службени лица, вработени во Универзитетот „Гоце Делчев” – Штип, ја искористиле службената положба, со што прибавиле за себе поголема материјална корист.
Според описот, тие ги извршиле кривичните дела за кои се товарат во периодот од 2021 до 2026 година.
