Според Пендаровски, денешната прес-конференција на ВМРО-ДМПНЕ пред градежен објект во изградба во Скопје е потврда за политичката дезориентираност на таа партија за која вели дека дневно фабрикува афери со темпо што не е видено од независноста до денес

Ниту некогаш сум имал ниту денес имам каква било деловна поврзаност со кое било лице што согласно моите уставни и законски надлежности сум го именувал во рамките на мојот претседателски мандат. Ова е дел од реакцијата на поранешниот претседател Стево Пендаровски на денешната прес-конференција на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.
Манасиевски, во изјавата дадена пред објектот во изградба, рече дека сопругата на поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање (АР), Еролд Муслиу, е инвеститор на зграда во скопската населба Влае. Портпаролот го спомена и поранешниот претседател на државата, Стево Пендаровски, наведувајќи дека Муслиу е негов близок соработник. Посочувајќи дека Пендаровски го има назначено Муслиу за директор, Манасиевски праша дали покрај политичката и институционална соработка, експретседателот на државата и ексдиректорот на АР имаат и заеднички деловни интереси.
Според Пендаровски, денешниот прес на ВМРО-ДМПНЕ пред градежен објект во изградба во Скопје е потврда за политичката дезориентираност на таа партија за која вели дека дневно фабрикува афери со темпо што не е видено од независноста до денес.
Оценувајќи ги како небулози денешните изјави од владејачката партија за неговата наводна финансиска и деловна поврзаност со објект што го гради лице кое пред седум години било именувано од функцијата претседател на државата, Пендаровски вели дека тие податоци се лесно проверливи и тоа, како што додава, од институциите кои се тотално под контрола на владејачката партија.
„Следејќи ја истата ‘логика’, очекувам партијата уште денес да одржи прес-конференција пред Белата палата и да го праша својот лидер дали евентуално бил бизнис – партнер со својот бодигард кој беше уапсен под сомнение дека за 50 000 евра наводно оддавал службени тајни“,
пишува во реакцијата од Пендаровски.
Тој смета дека таквата извртена методологија за поткажување на луѓето може да се примени и во цела серија други криминални афери каде што во јавноста се спомнуваат лица директно именувани од Мицкоски или, пак, негови најблиски соработници.
„Прво, портпаролот на партијата нека ја одржи прес – конференцијата која му ја предложив.
додава Пендаровски.
Според денешниот настап, ‘аргументите’ веќе ги поседува“,
