
Оваа инвестиција ќе преставува уште еден капитален енергетски проект, дел од Коридорот 8 , преку кој и Северна Македонија, и Албанија, и Бугарија ќе имаат бенефит, истакна денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи за време на посетата на трансформаторската станица „Битола 2“ на АД МЕПСО, заедно со шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска и премиерот на Бугарија, Кирил Петков.
Трансформаторската станица „Битола 2“ на АД МЕПСО, енергетски ги поврзува Република Северна Македонија и Република Албанија и преставува дел од поширокиот инфраструктурен проект за енергетско поврзување, дел од Коридорот 8.
„Оваа инвестиција ќе преставува уште еден капитален енергетски проект, дел од Коридорот 8 , преку кој сите земји ќе имаат бенефит: Република Северна Македонија – да овозможи транзит и дополнителна диверзификаија на снабдувањето со електрична енергија; Република Албанија ќе добие пристап до изворите на енергија во Северна Македонија и Бугарија; додека Република Бугарија ќе добие можност да ја поврзе својата мрежа со најзападните делови на Балканот, и со тоа можност да го понуди вишокот на електрична енергија и на европскиот пазар“,
истакна Османи.
Османи посочи дека се работи за опипливи и мерливи придобивки, особено во денешните околности, кога енергетското снабдување станува посебно важно геополитичко прашање и изрази надеж оти и во идина би нè очекувале вакви и слични на овој проекти, поради тоа што се најдобрите начини за да се стави поголем фокус во меѓусебната соработка.