Шефот на дипломатијата во неговото обраќање на дипломатскиот форум во Анталија порачал дека целосното интегрирање на Западен Балкан е од директен политички, безбедносен и економски интерес на ЕУ како геостратешка инвестиција кон стабилен и просперитетен регион
Влошената безбедносна и геополитичка ситуација на Европскиот континент по инвазијата на Русија врз Украина претставува дополнителен фактор зошто ЕУ треба итно и без одлагање да вбризга нов подинамичен моментум во евроинтеграцискиот процес на сите земји од Западен Балкан, е една од пораките кои ги испратил шефот на дипломатијата, Бујар Османи, од Анталија, Турција.
Во рамки на дипломатскиот форум што се одржува таму, тој денеска се обратил на панелот насловен „Дијалог за помирување на Балканот.
„Меѓу другото, Османи истакна дека регионот, и покрај демократските дефицити и слабости, има важна улога во и за Европа. Целосното интегрирање е од директен политички, безбедносен и економски интерес на ЕУ како геостратешка инвестиција кон стабилен и просперитетен регион. Впрочем, регионот е опколен со земји членки на ЕУ и не смее да се дозволи да биде ранливата точка на континентот, а ЕУ не смее повеќе да го третира пристапниот процес на Западен Балкан како отворено прашање“,
соопштија од МНР пренесувајќи дел од излагањето на министерот.
Учесниците на овој панел, како што објаснуваат од Министерството, зборувале дека мирот и стабилноста на Балканот се суштински важни за Европа и пошироко, како и дека е потребен исчекор во однос на нерешените прашање. Исто така, се дискутирало и за последните доколку ЕУ не успее навремено да одговори на очекувањата на земјите од регионот.