Организаторот на протестот за поддршка на обвинетите од случајот „Монструм“, Блерим Ахмеди, е повикан на службен разговор во полициската станица Бит-пазар, информираат од Министерството за внатрешни работи за МИА.
Протестот што се одржа на 29 јануари во МВР бил претходно пријавен, но демонстрациите завршија со инциденти.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во текот на вчерашната собраниска седница рече дека за протестот во петокот има и кривични и прекршочни пријави и најави дека јавноста за тоа ќе биде информирана деновиве.