Во Рим во последните 48 часа не се регистрирани смртни случаи од ковид-19, соопштено е денеска во главниот град на Италија, земјата со најголем број починати од коронавирусот во Европа.
Регионалните здравствени власти на прес- конференција соопштија дека во Рим „трендот со бројот на новозаразени на дневно ниво е стабилен“ и оти е под 100 лица.
Во Италија од ковид-19 досега починаа 26 644 луѓе, а 197 675 се заболени.
Италијанските власти најавија дека од 4 мај ќе се олеснат мерките за движење кои од 9 март ја ставија земјата во целосен карантин, поради масовното ширење на коронавирусот особено во северниот дел на земјата.