Четирите лица за време на полицискиот час биле затекнати на различни локации низ градот, за што се побарани две казни од по 5 000 и по една од 4 000 и 3 000 евра
Основното јавно обвинителство од Струга поведе постапка против четири лица бидејќи не ги почитувале мерките и одлуките за забрана на движење и за време на полицискиот час, без дозвола, пеш или со возила се движеле низ градот и околината.
Обвинителството бара парични казни, и тоа за две лица од по 5 000 евра, за едно лице 4 000 евра и за четвртиот обвинет побарана е казна од 3 000 евра во денарска противвредност.
Тие се обвинети за непочитување на здравствените прописи во време на епидемија, што е казниво по член 206 став 1 од КЗ.