Во описот кој го даде Обвинителството за конкретниот случај, се наведува дека велешанецот бил под дејство на алкохол вечерта на 17 декември кога го управувал автомобил „мерцедес“ со несоодветна брзина, при што на улицата „Борис Трајковски“ во Велес, приоѓајќи на обележан пешачки премин, не обрнал внимание на 11-годишното девојче и нејзината мајка кои во тој момент ја преминувале улицата на пешачкиот премин
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Велес до Основниот суд во Велес достави предлог за мерка притвор за 29-годишниот велешанец со иницијали А.Н. кој на 17 декември со автомобил усмрти 11-годишно девојче додека тоа поминувало на печашки премин заедно со својата мајка, која, патем, се стекна со телесни повреди од ударот.
Во описот кој го даде Обвинителството за конкретниот случај, се наведува дека велешанецот бил под дејство на алкохол вечерта на 17 декември кога го управувал автомобил „мерцедес“ со несоодветна брзина, при што на улицата „Борис Трајковски“ во Велес, приоѓајќи на обележан пешачки премин, не обрнал внимание на 11-годишното девојче и нејзината мајка кои во тој момент ја преминувале улицата на пешачкиот премин.
„Со автомобилот тој удрил во мајката која паднала на земја и се здобила со телесна повреда – отворена рана на челото и во 11-годишното девојче кое од ударот било исфрлено десетина метри напред кон следниот пешачки премин, паднало и се здобило со тешки телесни повреди од кои починало на местото на настанот.По несреќата, осомничениот не застанал да им укаже помош, туку продолжил со несмалена брзина да се движи кон населбата Превалец“,
се додава во соопштението.
Од Обвинителството додаваат дека велешанецот се сомничи дека сторил тешко дело против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, како и кривично дело – неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.
Тој претходно денеска беше приведен од велешката полиција.