Основното јавно обвинителство Тетово побара парични казни за три лица бидејќи на 8 април биле затекнати надвор од своите домови за време на полицискиот час.
Со ова тие не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење, кривично дело казниво по член 206 став 1 од КЗ за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.