39-годишниот осомничен маж е опериран и се наоѓа надвор од животна опасност
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство-Струга синоќа изврши увид во станот во Струга каде што беше убиена жена на возраст од 34 години.
Според првичните сознанија, по претходна меѓусебна расправија во стан на нивни пријатели каде што биле на гости, сопругот со нож ја убил жената, а потоа се обидел и да се самоубие.
По наредба на јавниот обвинител, ќе биде извршена обдукција врз телото на починатата. Од самото место прибрани се траги и докази што ќе бидат вештачени, меѓу кои и оружјето со кое било извршено кривичното дело. Заради утврдување на фактите, јавниот обвинител ќе ги испита и сведоците на настанот.
По обидот за самоубиство, 39-годишниот осомничен маж е опериран и се наоѓа надвор од животна опасност.