Седум лица во Гостивар во изминатото денононоќие не го почитувале полицискиот час за што Обвинителството бара парични казни за кривично дело по член 206 став 1 од Кривичниот законик за непочитување на здравствените порписи во време на епидемија.
Како што се наведува во соопштението од ОЈО, тие за време на забраната за движење без дозвола, пеш или со возила се движеле низ градот.