Поради предистрагата, од Обвинителството не откриваат колку лица се осомничени
Обезбедена е целокупната документација за финансиското работење на болницата во Прилеп од 2020 година до денес – информираат од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Прилеп по вчерашните претреси на осум локации поради сомнежи поврзани со финансиското работење на прилепската болница.

„По претресот кај осомничени лица на осум локации е обезбедена документацијата. Се вршат проверки и на тендерска и на целокупна книговодствена и сметководствена документација. Обезбедена е и електронска и материјална документација како докази. Сега документацијата ќе се анализира“,
вели основниот јавен обвинител од Прилеп, Стевчо Биноски, пренесе МИА.
Оформен е предмет во фаза на предистрага заедно со Финансиската полиција. Поради предистрагата, од Обвинителството не откриваат за колку осомничени лица станува збор.