Битолското јавно обвинителство бара парични казни од по 2 000 евра за десет лица кои за време на полицискиот час, се движеле низ Битола пеш или со возило.
Со тоа тие ја прекршиле забрана и посебен режим на движење како мерка за сузбивање и спречување на заразната болест ковид-19, што е казниво по член 206 став 1 од КЗ за непостапување според здравствените прописи во време на епидемија.