Тие за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации во градот
Основното јавно обвинителство Ресен побара парични казни од по 2 000 евра за четири лица кои за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации.
Тие се обвинети за кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Казните, според предлогот на ОЈО, ќе се плаќаат како 100 дневни глоби од по 20 евра во денарска противвредност.