Триесет и тригодишниот К.М. од Охрид доби кривична пријава за непостапување по здравствени прописи за време на епидемија. Како што информира полицијата, тој наместо да седи дома во самоизолација, бидејќи му било доставено решение, тој се движел низ градот.
На 8 јули, во 11:30 часот непридржувајќи се до решението од Државниот здравствен и санитарен инспекторат со одредена мерка домашна самоизолација, самоиницијативно го напуштил својот дом во Охрид.
Истиот ден, на булевораот Туристичка предизвикал нарушување на јавниот ред и мир, со физички напад врз М.Л. од Охрид.