Српскиот претседател го опомена Хоти да не го користи терминот „две држави“, додека косовскиот премиер порача дека без затворање на прашањата од минатото и меѓусебно признавање нема решение
Со позната реторика, главно со помирувачки тон и повремени префрлувања за тоа, претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Авдула Хоти денеска ги соочија своите ставови за тоа како ја замислуваат иднината на нивните држави и на регионот, повторно под будното око на ЕУ и САД, но овој пат на 45-минутна дебата во рамки на Десеттиот Белградски безбедносен форум, кој годинава се одржува онлајн.
Српскиот претседател, говорејќи за политиката на неговата земја рече дека во основа се мирот и безбедноста во регионот и да развивање на односите со Косово од релативно непријателство до пријателство, посочувајќи дека тоа е добро за двата народи, независно од политичките опции и нивните лични мислења. Сепак, посочи дека се работи за многу комплицирано прашање.
„Ако ги прашате Албанците, ќе кажат Србија е на потег, но тоа не е така, туку е покомкицирано. Треба постепено да се менува атмосферата за приближување на народите и со американската иницијатива да се работи на поблиска економска соработка. Двете општетства треба да работат на помирување“,
рече Вучиќ.
На прашањето, дали ќе биде лесно, тој одговори: „Не сум многу оптимист, но сум подготвен да работам напорно за остварување на тоа и за градење на доверба“.
Косовскиот премиер пак, рече дека огромната трансформација на односите меѓу двете земји е сигнал за стабилна иднина и се заблагодари на улогата на ЕУ и САД во тоа.
„Нашата регионална политика е конзистентна и се состои од добрососедство, но сме свесни дека вакво нешто е можно само ако работиме заедно со меѓусебно признавање и обезбедување на почитување на малцинските права. Ние имаме јасна определба за норнализација на односите со Србија и зголемување на соработката наа сите полиња“,
рече Хоти, истакнувајќи ја клучната улога на ЕУ како медијатор за нормализирање на односите и Вашингтонскиот договор.
Хоти сепак призна дека за разлика од процесот на евроинтеграции за кој граѓаите им даваат целосна поддршка, дијалогот со Србија не ужива таква голема поддршка. Но како што рече, крајната цел на неговата држава е членство во ЕУ и НАТО и се спремни на сите отстапки и на чекање колку што е неопходно за остварување на тоа.
Нема решение, нема мир
Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ за дијалогот Белград- Приштина и други регионални прашања за Западен Балкан, кој како што рече 20 години од својата професионална кариера посветил на регионот, вели дека без мир нема решение, нема економска соработка, трговија и напредок.
„Како да дојдеме до тоа? Прво, мора да има помирување на минатото, кое е болно минато и кое е надвиснато над регионот. Но тоаа помирување може еднствено да се напраби преку судскиот систем, односно преку судки пресуди за сите кривични дела и преку историчарите, бидејќи улогата на политичарите не е да се занимаваат со минатото туку со сегашноста. И второ, тоа е европската иднина, бидејќи регионот има заедничка иднина а тоа е еропската. Секој лидер во регионот треба да ги мери своите постапки преку пашањето: дали ова ќе ја донесе мојата земја поблиску до ЕУ?“,
рече Лајчак.
Конкретно, за дијалогот Белград – Приштина, Лајчак вели дека тоа е напорна и многу болна работа, но процесот на нормализација на односите според него е главн фактор на стабилност во регуонот што ќе го донесе поблиску до ЕУ.
„Тоа се болни компромиси. И сакам да им честитам на обајцата лидери на дијалогот, и покрај честите критики дома. Вие сте на вистнската страна на историјата и историјата за тоа ќе ви биде благодарна“,
им порача Лајчак на Вучиќ и Хоти.
Говорејќи за улогата на ЕУ, Лајчак го спомена економкиот пакет на ЕУ за помош на регионот за справувањње со последиците од пандемијата. Сепак, призна дека во земјите од регионот постои нездоволство и фрустрација од должината на тој процес на евроинтеграција и го спомена случајот со нашата земја и Албанија велејќи дека, иако одлуката за отворање преговори е донесена во март, еве, во октомври, се уште нема никакво поместување. Тој ги увери сите земји од Западен Балкан дека можеби процесот е долг, но е решителен.
На Вучиќ му пречи „двете држави“
И додека во своите куси воведни обраќања, и Вучиќ и Хоти користеа помирувачка реторика, во дебата која се разви потоа, српскиот претседател, прво, изрази незадоволство од тоа колку трае евроинтегративниот прецес за неговата земја, каде прашањето за Косово се надвиснува, а потоа директно му се обрати на косовскиот премиер , кому му забележа дека во обраќањето не може да користи „двете држави“, бидејќи, како што рече, според ОН постои само една држава.
„Нам не ни треба никој да не признае, ние сме признаена земја. Нам ни треба копромисно решение. Вам ви е побитна некоја внатрешна агенда отколку стратешките прашања- и ако сакате нормализација, мора да има коморомис, а не притисок врз Србија“,
рече Вучиќ и праша:
„Еве, ако го признаеме Косово, што не велам дека ќе го направиме тоа, што ќе добиеме ние?“
На ова Хоти одговори дека не е важно кој што ќе добие, туку дека треба да се прифати реалноста, а тоа е, двете земји да добијат мир, добрососедство, слобода на движење за граѓаните, трговија на еднакви осноси.
„Но затоа мора да се седне на маса за дијалог. За да градиме мир, ние мора да затвориме некои прашања од минатото“,
рече Хоти.
На барање на модераторот до Лајчак, да им упати совети на Вучиќ и Хоти, тој рече дека е во секојдневна комуникација со нив и затоа оваа платформа денеска не би ја користел како продолжение на дијалогот од Брисел. Само повтори дека се работи за исклучително голем, важен и полн со предивици процес кој бара компромис каде нема да има победник и поразен и инструметализација од дневната политика.
Во своите финални обраќања во дебатата, Вучиќ и Хоти се вратија на смирувачката реторика и порачаа дека ќе работат напорно, многу понапорно од претходно, со меѓународно присуство да постигнат компромисно, мирно решение, засновано на јасни принципи кои нема да се базираат на различни политички позиции, туку ќе имаат јасна европска перспектива за регионот.
Во дебатата учествуваше и Рајан Тули, заменик на помошникот на американскиот претседател и виш директор за Европа, кој главно се задржа на улогата на САД и Трамп во процесот на приближување на Белград и Приштина, преку Вашингтонската иницијатива неодамна, која главно се потпира на поблиска економска соработка. Тој им честита на двајцата лидери за, како што рече, извонредната посветеност да работат на градење на довербата.