Според најавите на метеоролозите, утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, додека во попладневните часови повторно се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во попладневните часови се очекува локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Максималните температури ќе се движат од 24 до 32 степени, зависно од регионот.
Во најтоплите југоисточни делови температурата ќе достигне околу 32 степени, додека во повисоките и западните подрачја ќе биде пониска.
Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Попладне во одделни делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура во главниот град ќе се движи од околу 12 степени, а максималната дневна ќе достигне 32 степени.
Според најавите на метеоролозите, утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, додека во попладневните часови повторно се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Ќе дува засилен и силен ветер од западен правец, кој повремено во западните делови на земјата ќе достигнува брзина поголема од 60 километри на час.
