Интервјуто на претседателот Стево Пендаровски за телевизија 21 беше одложено поради протестите пред Собранието во чија непосредна близина се наоѓа телевизијата.
„Интервјуто со претседателот Стево Пендаровски вечерва се одложува поради безбедносни причини. Имено, ТВ21 се наоѓа во непосредна близина на Собранието каде вечерва ескалираше ситуацијата и протестите станаа насилни“,
информираше вечерва телевизијата.
Шефот на државата вечерва преку „фејсбук“ ги осуди денешните насилни протести против францускиот предлог.
„Вечерашното интервју на ТВ21 го одложивме поради тоа што околу телевизијата која се наоѓа во непосредна близина на Собранието беше воспоставен посебен сообраќаен режим. Во оваа прилика сакам да го осудам насилството како метод во политиката што не би требало да има место во современите демократии“,
напиша Пендаровски.